Select Page

___________________________  Актуелни вести  _________________________

И Н Т Е Р Е С Н И      Ф А К Т И

ПРОАКТИВА е формирана во 2001 година и е прво здружение на граѓани во Македонија чии основни цели се промоција на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Под мотото „Малку поинаку, многу подобро“ во рамките на проектот „Еко-автобус“, ПРОАКТИВА на 19.04.2003 организираше промоција на првите два автобуси на ЈСП Скопје кои користат природен гас. Ваквите хибридни автобуси, емитуваат три пати помалку штетни гасови, односно 5,3 тони во текот на една година.

Во текот на 2005 година ПРОАКТИВА ги дистрибуираше првите мапи со велосипедски патеки во Скопје.

Во рамките на проектот за спроведување на „Планот за употреба на велосипеди во Скопје“ чиј носител беше ПРОАКТИВА, на раскрсницата помеѓу булеварите Кузман Јосифовски – Питу и Кочо Рацин на 21.05.2009 година беа поставени првите 12 семафори за велосипедисти во Скопје и воопшто во Македонија.

При реализацијата на проектот „Чиста енергија – Сончева енергија“ во текот на 2003 година, ПРОАКТИВА лобираше кај Владата на Р. Македонија за донесување на повластени цени за производство на енергија од обновливи извори, намалување на ДДВ за системи кои користат обновливи извори на енергија

Од 8 до 10 јуни 2001 година во Велес, ПРОАКТИВА го организираше првиот Семинар за мониторинг на меѓународни финансиски институции (МФИ) во Република Македонија.

Во текот на проектот „Интегрален пристап во решавањето на сообраќајните проблеми од одржлив аспект“ во 2005 година, ПРОАКТИВА диструираше 30.000 џепни мапи со распоред на градскиот превоз во Скопје. На тој начин за прв пат јавноста имаше можност лесно да го планира своето возење со автобусите на ЈСП Скопје.

Во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од најголемата нуклеарна катастрофа, хаваријата на нуклеарната централа во Чернобил (Украина), ПРОАКТИВА во 2006 година организираше изложбата “Чернобил денес – потсетник на иднината”на која беа презентирани 30 наградени фотографии на фоторепортерот Вацлав Вашку направени во околината на Чернобил во текот на 2005 година.

Првата македонска мрежа на невладини организации за борба против климатските промени е формирана во 2008 година со здружување на неколку невладини организации меѓу кои „Фронт 21/24“, „ПРОАКТИВА“, „Екосвест“, „Експериза и едукација“, „Центар за развој на култура и животна средина“, „Зелената Арка“ и „Грин Пауер“, а нејзин почесен член е поранешниот директор на Friends of the Earth, Тони Џунипер.

 PROAKTIVA   Контакт информации
П.Фах 695, 1000 Скопје info@proaktiva.org.mk
www.proaktiva.org.mk
PROJECTS