Семинар за мониторинг на меѓународни финансиски институции
Од 8 до 10 јуни 2001 година во Велес, Проактива го организираше првиот Семинар за мониторинг на меѓународни финансиски институции (МФИ) во Република Македонија.
Во текот на семинарот, 14 претставници од невладини организации од Македонија имаа можност директно да учествуваат во следните теми:
- Основи на МФИ: Што се МФИ? Како работат МФИ? Зошто се важни МФИ?
- МФИ – Проблеми: Оценка на МФИ; Политика, проекти, практика на МФИ
- Застапување: Вовед
- Како да се вклучиме?; Како да пристапиме до МФИ?; BIC прирачник; Примери; Bankwatch network – Бугарија
- Техники на лобирање
- МФИ и Балканот; Портфолио на МФИ; Пактот за стабилност
- Пренесување на пораки
- Примери; Истражување на случај
- Кампањи, задачи.
- Медиумско застапување:
- Планирање на следни активности
Покрај тоа, учесниците беа поделени во три групи кои разработуваа можни решенија на следните проблеми:
- Група 1: Изградба на печка за отпадоци.
- Група 2: Отворање на рудник за CаCО3 во националниот парк Пелистер.
- Група 3:Изградба на брана и акумулационо езеро во заштитен регион.
Тренери на семинарот беа Huub Scheele од Both Ends (Холандија) и Жарко Конески од ИТЗ (Македонија), додека гостинот Петко Ковачев од IUCE активно се вклучи преку примери и студии на случај од Бугарија.
(Проактива, 10.06.2001)
Здружение на граѓани “ПРОАКТИВА” Скопје
Во регистарот на здруженија на граѓани и фондации под Рег.бр. 989 се запишува здружението на граѓани Здружение на граѓани “ПРОАКТИВА” со седиште во Скопје.
Лице кое е овластено да го застапува здружението е неговиот претседател Ѓорѓиев Мијалче.
Работата и активностите на здружението ќе се однесуваат на промовирање на обновлива енергија и нејзино ефикасно искористување, промовирање на учество на јавноста во активностите на меѓународните финансиски институции, информирање на јавноста за енергетските проблеми, како и промовирање на идеја та за одржлив развој и вклучување на јавноста.
Здружението на граѓани стекнува својство на правно лице и може да започне со работа од 22.03.2001 година.
Од Основниот суд Скопје I – Скопје, З.Г.бр. 46/01. (7748)
(Службен весник на Република Македонија бр. 36, 10.05.2001)