Здружението на граѓани ПРОАКТИВА е непрофитна и аполитична организација формирана во март 2001 година во Скопје.
МИСИЈА И ЦЕЛИ
Мисијата на Проактива е преку заедничка соработка со домашните и меѓународните организации, локалните и централните власти, бизнис секторот и други заинтересирани страни, да ги исполни своите цели:
- Промовирање на обновливи видови енергија;
- Промовирање на енергетска ефикасност;
- Промовирање на одржлив транспорт;
- Промовирање на одржлив развој.
АКТИВНОСТИ
Основните цели на нашата организацијата можат да се постигнат само преку реализација на следните планирани активности:
- Организирање јавни кампањи.
- Изработка и дистрибуција на печатен материјал.
- Лобирање кај доносителите на одлуки.
- Организирање на семинари и состаноци.
- Дистрибуција на информации до заинтересирани групи и поединци.
- Спроведување на истражувања.
- Едукација на јавноста за можностите за јавно учество.
ВМРЕЖУВАЊЕ, СОРАБОТКА И ПАРТНЕРСТВА
Поради големата потреба од размена на информации, знаење и искуство, како и поуспешно спроведување на нашите активности, Проактива е членка на повеќе меѓународни мрежи и национални мрежи.
Проактива активно соработува со многу локални, национални, регионални и интернационални организации. Покрај тоа има воспоставено партнерства со научни и владини институции; единици на локална власт; јавни и приватни претпријатија; електронски и печатени медиуми; како и меѓународни мисии и претставништва.
ПРОЕКТИ И ФИНАНСИРАЊЕ
Околу 40 фондации и институции досега финансиски ја поддржале реализацијата на повеќе од 50 проектни активности на Проактива.