Select Page

Во рамките на проектот „Одржлива енергија – Одржлив развој“ на 16 јуни 2017 година од во Конгресната сала од Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје беше одржана промоцијата на Позицијата на Проактива во однос на националните и локалните (општинските) политики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

На промоцијата беа присутни претставници од: Министерството за економија (сектор енергетика), Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за енергетика на Р. Македонија, единици на локалната самоуправа, образовниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Проактива како субгрантист го спроведува „Одржлива енергија – Одржлив развој“, кој е дел од проектот „Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 и Институтот за обука КОЦКА.

Во прилог се наоѓа Позицијата на Проактива / (Pozicioni i Proaktiva)

Скопје, 16.06.2017.