Select Page

Во периодот 23.12.2016 – 23.06.2017, Проактива го спроведува проектот „Одржлива енергија – Одржлив развој“ чии цели се:

1. Зајакнати капацитети на граѓанските организации (ГО) за eвропските и националните политики за клима и енергија и можностите за вклучување на јавноста во процесите на планирање; одлучување и имплементација на локалните документи и политики.

2. Извршена анализа на локалните политики за клима и енергија и процесот на планирање и имплементација водени од страна на единиците на локална самоуправа (ЕЛС).

Помеѓу очекуваните резултати од проектот се и:

  • Извршена анализа на моменталната состојба на стратегиите и политиките за клима и енергија
  • Запознавање на претставници од ЕЛС со најдобрите практики за подготовка и спроведување на локални документи и политики.
  • Подготовка на позиција на Проактива во однос на националните и локалните (општинските) политики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Ни претставува особена чест да Ве поканиме да присуствувате на промоцијата на позицијата на Проактива во однос на националните и локалните (општинските) политики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија која ќе се одржи во петок на 16 јуни 2017 година од 11:30 часот во Конгресната сала од Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Проактива како субгрантист го спроведува „Одржлива енергија – Одржлив развој“, кој е дел од проектот „Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 и Институтот за обука КОЦКА.

Скопје, 12.06.2017.