информации за изложбата, посветена на 20 годишнина од катастрофата во Чернобил

Изложба: Чернобил денес - потсетник за иднината
На 26-ти април 2006, се навршуваат точно 20 години од катастрофата во Чернобил, која го заслужи местото во учебниците по историја како најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. Како изгледа Чернобил денес ? Изложбата на фотографии на Вацлав Вашку се обидува да даде одговор на тоа прашање.

Несомнено е дека Чернобил денес има и свои наизглед пријатни страни. Една од нив може да се најде во затворената зона која беше радиоактивно контаминирана. По катастрофата таа стана област за научниците, кои ги проучуваат мутациите во природата. Влегувањето во зоната беше забрането дваесеттина години. Благодарение на ова, зоната стана голем резерват, во кој може да се видат бизарни сцени, како на пример крдо диви Прзервалски коњи кои мирно пасат пред Чернобилскиот саркофаг.
Да не се залажуваме. Чернобил не е како останатите катастрофи каде што луѓето умираат наеднаш. Кога ќе го погледнеме одблизу страдањето на луѓето, ни станува јасно дека не може да го пресметаме ниту според бројот на деца болни од рак, ниту според единиците на радиоактивно загадување. Таму има длабока тага за стотиците илјади луѓе кои поради катастрофата морале да ги напуштат своите домови засекогаш. Тоа е страдање на оние кои починаа поради ретки болести, како ликвидаторите кои помогнаа во чистењето на остатоците од катастрофата. Семејства, кои се разделени по Чернобил поради социјални или психолошки причини (стрес, депресија, алкохолизам).

Колку уште човечко страдање ќе предизвика Чернобил ? За жал тоа не го знаеме. Меѓутоа, сепак е јасно дека тоа страдање не го собира во ниту една статистика или пак вест од интернационалните новински агенции.
Фоторепортерот влезе во зоната како Сталкер во новелата на Стругатски Бротхер и размислуваше за тоа што Чернобил значеше за нас. Дали е предупредување? Дали научивме доволно од Чернобилската трагедија? Одговорот на овие прашања, посетителите на изложбата ќе мора да ги најдат самите за себе.

Вацлав Вашку (43) - фоторепортер и новинар (роден во Прага, Чешка)
Фоторепортерот Вацлав Вашку веќе бил пред 1989 година (тоа значи за време на комунистичкиот режим) активен во полето на проблемите на животната средина, не само како фоторепортер, туку и тогаш и подоцна како новинар.
Во ноември 1989 година (за време на така наречената Кадифена револуција) тој беше еден од четирите основачи на Зелениот круг (
Zeleny kruh
)- асоцијација од најголемите организации кои работат во полето на животната средина во Чешка. Помеѓу 1991 и 1996 година тој работел како уредник за
Citizens daily, Czech Daily и Czech Weekly
, каде бил уредник и експерт за прашањата од областа на животната средина.
Во 1990 година ја прифаќа позицијата на медиумски директор и портпарол во чешката канцеларија на интернационалната организација од областа на животната средина Греенпеаце. Како фоторепортер тој зема учество во интернационалните активности на организацијата, меѓу другото и во мисијата за чистење на остатоците од експлодираната хемиска фабрика
Union Carbide in Bhopal
Индија (2002).
Од 2004 тој е независен фоторепортер и новинар. Тој соработува со неколку чешки и прекуокенаски часописи, фотоагенции (Spectrum Pictures) и Чешката телевизија.
Вацлав Вашку неодамна ја беше документирал катастрофата во Чернобил и нејзините последици врз човештвото и животната средина. Во 2005 тој помина скоро два месеци во Белорусија и Украина во затворената зона околу Чернобил.
Неговите фотографии за Чернобил беа наградени со втората награда на
Prize on Czech Press Photo
2005 во категоријата Природа и животна средина.
|