|
- Македонски Енергетски Бригади -
Проектот
се состои од практично промовирање на енергетската ефикасност во
различни институции низ државата. Во проектот се опфатени инсталирации на ефтини и ефикасни техники за заштеда на енергија
во разни институции и домаќинствата.
Освен практичните активности проектот опфаќа и информативен дел каде јавноста
преку работилници и предавања ја информираме за придобивките
од енергетската ефикасност.
Значаен
дел од проектот завзема и обучувањето на волонтери за вршење на
изолација на прозори. Оваа активност е насочена кон тоа да им се
даде шанса на младите невработени луѓе да се стекнат
со знаење со цел да основат свои мали бизниси.
На ова се надоврзува и нашата понатамошна поддршка на обучените волонтери.
Програмата
на Македонските енергетски бригади е дел од активностите на Интернационалните
енергетски бригади (ИЕБ) кои претставуваат мрежа на еколошки НВОи
од Централна и Источна Европа, а работат на промоција на енергетска
ефикасност. www.energybrigades.org
Листа
на институции каде што досега сме извршиле изолација:
1.
Детска градинка „Мајски Цветови“ - Скопје;
2. 6 домаќинства во општина Карпош;
3. Дом за стари лица - Злокуќани;
4. Презентација во средно медицинско училиште - Битола;
5. Детска градинка „Детска радост“ - Струмица;
6. Детска градинка „Росица“ - Скопје;
7. Основно училиште „Кирил и Методиј“ - Скопје
|