
Во
рамките на обележувањето на 20 години од најголемата нуклеарна катастрофа
- Хаваријата на Нуклеарната централа во Чернобил (тогашен Советски
Сојуз, сегашна Украина) , Проактива во соработка со Амбасадата на
Украина во Македонија и Националната галерија на Македонија организира
изложба на фотографии во Мултимедијалниот центар Мала Станица. На
изложбата е предвидено да се прикажат 30 фотографии направени во
околината на Чернобил во периодот март-септември 2005 година од
фоторепортерот Вацлав Вашку. Тој со задоволство прифати ние да ја
реализираме оваа изложба во Македонија и изрази жалење што не може
да присуствува на отварањето, бидејќи во тој период ќе биде во Украина.
Покрај во Македонија и Украина, изложбата паралелно ќе може да се
проследи во десеттина други градови.
Особено
треба да се истакне фактот дека овие фотографиите ја освоија втората
награда за фотографија во областа на природа и животна средина за
2005 година во матичната земја на авторот - Чешка.
Отворање
е точно на денот на кој се навршуваат 20 години од катастрофата,
26 април 2006 година во 19 часот.
На
отворањето ќе говорат амбасадорот на Украина во Македонија, Г-дин
Виталиј Москаленко, проект координаторот Г-дин Илија Саздовски од
Проактива и директорот на Националната галерија на Македонија, Г-дин
Златко Теодосиевски.
>>повеќе
|