Корисни совети за заштеда
на енергија во домаќинствата
Овде е претставен само мал дел од работите кои може
да ги сменете во Вашето домаќинство, а кои би резултирале со заштеда
на енергија т.е финансии
Изолација на цевки. Ако цевките кои
спроведуваат топла вода минуваат низ незатоплени делови од зградата
(пр. низ покривите) тогаш големо количество на енергија ќе се потроши.
Со изолирање на цевките ќе се заштеди големо количество на енергија,
а истотака ќе се зголеми и температурата на водата која цевките
ја доставуваат.
Најрационално
искористување на радиаторите. Наоѓање на оптимална локација може
да го подобри нивото на комфорот во собата и да се осигура дека
сите во собата ќе добијат од топлината која ја произведуваат радиаторите.
Онаму каде радиаторите се монтираат на надворешни ѕидови, количината
на загубена топлина може да се намали со користење на рефлектирачка
фолија кој се поставува на ѕидот позади радијаторот.
Термостатски
вентили за радиатори можат да ја намалат потрошувачката на енергија
со тоа што дозволуваат регулација на топлината на секој радијатор
посебно така да може да се усогласат со топлинските потреби на корисниците.
Вратни метлички Ова се ленти од мек материјал кој се монтира на
долниот раб од вратата за да се намали провевот.
Изолациски панели на врати. Ако вратите се тенки, голем дел од топлината
може да се изгуби преку нив по пат на кондукција. Оваа појава може
да се намали со поставување на изолациски панели на вратите.
Федери за затворање на врати. И покрај напорите да се подигне свеста
на јавноста, луѓето сеуште забораваат да ги затвораат вратите. Федери
може да се монтираат за да ги затвораат вратите автоматски, и така
да се намали загубата на топлина.
Ролетни. Дрвени ролетни кои се затворени во текот на ноќта ќе ја
намалат загубата на топлина која се губи преку прозорците.
Пластични фолии како втора заштита. Загубата на топлина преку прозорците
може да се намали за 25-40% со користење на провидни пластични траки
за да се формира ефтина, едноставна но привремена форма на дупла
заштита.
Тешки завеси на прозорците и вратите. Тешките завеси ако се затворени
во текот на ноќта можат да спречат загуба на топлина преку прозорците.
Важно е да се осигураме тие да не висат пред радијаторите. Тешките
завеси можат исто така да се обесат преку вратите за да се спречи
загуба на топлина.
Затворачи на прозорци. Ако затворачите на прозорците не се исправни
тогаш прозорците не се затвораат целосно и топлина може да се губи
преку нив.
Ширечка пена околу рамката на прозорецот. Понекогаш може да се појават
големи простори кои треба да се пополнат (пр. помеѓу ѕидот и рамката
на прозорецот). Тие можат да се пополнат со ширечка полиуретанска
пена. Сепак, овој материјал е тежок за употреба и има сомнежи за
неговата еколошка безбедност.
Изолација на покриви. Голем дел од топлината се губи преку покривот
на зградите. Иако може да е многу скапо, изолацијата на покривот
е во принцип многу ефективна мерка.
Теписони. Голем дел од топлината се губи преку подовите. Онаму каде
подовите се дрвени со воздушен простор под нив, ладен воздух (и
9прашина) може да протекува внатре низ просторот помеѓу даските
на паркетот. Онаму каде што подот е бетонски тој е ладен и непријатен
за одење. Теписоните ја намалуваат загубата на топлина преку подот
а го подобруваат и комфорот.
Компактни флуоросцентни ламби. Тие користат само околу 20% од струјата
за да произведат иста количина на светлина како и обичните светилки.
Тие се скапи, па затоа не се економични ако се постават во соби
каде светлината е потребна само во мали периоди. Ако снабдувањето
со струја е неквалитетно (често немање на струја, нестабилна волтажа
итн.) тие нема да работат како што треба.
Селекција на лустер и негово одржување. Лустер името на целата структура
на која сијалицата се поставува. Некои лустери се подобри во насочување
на светлината онаму каде е потребна. Сите лустери се поефикасни
ако се одржуваат чисти.
Светилки со намена. Потрошувачката на струја во домот и во канцеларија
може да се намали ако се користат индивидувални наменски светилки
(пр. столни ламби) за да произведуваат силна светлина само онаму
каде што е потребно.
Вентили за заштеда на вода и глави за тушеви. Ова се прости и ефтини
додатоци кои мешаат воздух со протокот на топла вода. Вентилот /
главата за тушот работат исто како и порано, но сега потрошувачката
на вода е намалена за пола. Помалку топла вода потрошена значи помалку
енергија изгубено.
Термостат на бојлер. Голема количина на топлина ќе се изгуби ако
бојлерот ја топли водата до непотребно висока температура. Монтирањето
на термостат на бојлерот може да го спречи ова.
Засадување на дрва како ветробран. Ред на дрва можат да го спречат
директното дување на ветрот на зградата, со тоа се намалува загубата
на топлина.
Запушување на процепи во системот за дотур на топол воздух. Во некои
згради, системот за затоплување работи така што воздухот се затоплува
во една централна топлана. Топлиот воздух потоа се пушта низ систем
на цевки во собите. Ако овие цевки имаат процепи, тогаш топлиот
воздух залудно се троши.
Регулација / контрола на печките на дрво. Ако протокот на воздух
во печките на дрва не е добро регулиран, дрвата горат премногу брзо
и многу топлина се троши со тоа што поминува низ оџакот. Некои ефтини
и едноставни печки на дрва не дозволуваат протокот на воздух да
се регулира, па затоа тие треба да се модифицираат. Важно е да се
осигура дека личноста која е одговорна за печката на дрва е обучена
да работи со неа ефикасно и безбедно.
Исклучување на електрични апарати (а не да се оставаат на стандбај).
Многу нови електрични уреди (посебно телевизорите) имаат стандбѕ
функција, каде иако тие не работат тие сепак конзумираат електрична
енергија. Големо количество на енергија може да се заштеди ако телевизорите
не се оставаат на стандбај долги периоди
|