|
ПРИМЕРИ
НА ИНСТАЛИРАНИ СИСТЕМИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО
МАКЕДОНИЈА
Како
позитивен пример може да го истакнеме колекторскиот систем во
хотелот "Свети Наум". Управникот на хотелскиот
комплекс "Свети Наум", не информираше дека системот од 10 колектори е поставен пред пет години од страна
на Етерна солар од Скопје. Овој колекторски систем ја намалил потрошувачката на нафта за затоплување на
вода во бојлерите на хотелот за пет пати, а веќе после
првата година инвестицијата е исплатена.

Најголемиот
сончев колекторски систем е на хотелот "Палас"
во Охрид. Истиот се состои од повеќе од сто панели и е поставен
во 1985 година.

|