|
Семинари за Обновлива Енергија и Енергетска Ефикасност
Според анализи на ЕСМ, 47% од вкупната енергија во Македонија се употребува во домаќинствата. Од друга страна, 50% до 70% од вкупната енергија во домаќинствата се употребува за затоплување на просториите и за затоплување на водата за санитарна употреба.
Приватизацијата на ЕСМ и најавите за зголемување на цената на електричната енергија дополнително ќе го оптоварат домашниот буџет на граѓаните.
Со цел да ги информираме граѓаните како да заштедат енергија, Проактива во соработка со Центарот за поддршка на невладините организации, организира семинари на темите Енергетска Ефикасност - ЕЕ и Обновлива Енергија - ОЕ.
Презентери се членови од НВО Проактива: Јован Драгановски, Славјанка Миладинова, Методи Панев и Алисон Допелхамер - волонтерка од Мировниот Корпус.
Теми на предавањата:
обновливи извори на енергија (сончева енергија),
енергетска ефикасност,
кратки совети за начини на заштеда на електрична и топлотна енергија
развивање на мали бизниси поврзани со ЕЕ и ОЕ.
Одржани се семинари/предавања во: Струга, Кратово, Гевгелија, Неготино, Струмица и Делчево.
На 29.03.2005 ќе се одржи седмиот по ред семинар во Ресен исто така во Центарот за поддршка на Невладините организации.
Последниот семинар ќе биде во Дебар, во Центарот за поддршка на невладините организации а терминот дополнително ќе биде објавен.
Семинарите/предавањата се одржуваат во просториите на Центрите за поддршка на невладините организации во Македонија и се отворени за сите заинтересирани страни.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, ве молиме контактирајте не
|