Почетна
За нас 
Енергија 
Одржлив транспорт
 Членови 
Галерија 
Линкови
 
English
 
Проактива е членка на:
Интернационални енергетски бригади
СЕЕЕНН
 
Проактива
П.Фах 695, Скопје
тел/факс: 02 2465 963
e-mail: info@proaktiva.org.mk
Локација на нашата канцеларија
кликенете >>овде

 


|MEБ|Сонцето нашата иднина|
::.ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА.::

 

- Сонцето нашата иднина -

 

Сите научни испитувања покажуваат дека Македонија е земја со голема сончева инсолација, која за жал досега не е рационално искористена. Како главен проблем за неискористеноста на овој потенцијал го посочува ниското ниво на едукација на граѓаните за можноста за користење на оваа бесплатна енергија.

Исто така, досега во Македонија не е изработена ниту една стратегија за штедење на енергија. Под стратегија за штедење на енергија се подразбира давање на одредени бенефиции (намалување на даноци, поволни банкарски кредити и сл.) со кои би се поттикнале поголемото користење на обновливата (сончева) енергија. Со зголемено искористување на обновливите извори на енергија би се овозможило намалување на загадувањето на животната средина, намалување на негативното влијание на издувните гасови од горивата врз здравјето на луѓето, како и намалување на трошоците во домашниот буџет.

 

Цели и задачи на проектот
Цели на овој проект се подигање на јавната свест за зголеменото искористување на сончевата енергија во нашата земја како и директно учество во процесот на донесување на одлуки за животната средина преку лобирање за намалување на даночната стапка за инсталација на сончевите системи.

Активности во проектот:
- Подготовка и одржување на 5 предавања на тема „Можни начини за искористување на сончевата енергија во Македонија“ одржани во Скопје и Неготино;
- Подготовка и дистрибуција на информативен материјал со кои граѓаните ќе можат подетално да се запознаат со потенцијалите и можните придобивки од користењето на сончевата енергија. За таа цел се изработени: постер, флаери, лифлети, брошура и веб страница.
-Лобирање кај донесувачите на одлуки за намалување на данокот при монтажа на сончевите системи, како и лобирање за формирање на фонд за алтернативна енергија. За таа цел предвиден е тим од претставници на невладини организации, медиуми, приватни претпријатија за монтажа на сончеви инсталации, професори, политичари кој ќе лобираат кај централната власт за намалување на данокот.


Проектот „Сонцето - Наша иднина“ финансиски е подржан од Регионалниот Центар за животна средина со фонд обезбеден од Данското Министерство за животна среднина и енергија. На реализацијата на проектот работеше тим од Проактива, а на дел од активностите партнери беа Еколошкото друштво „Светлина“ - Неготино и „Етерна Солар“ компанија за инсталација на колектори од Скопје.

Координатор на проектот: Влатко Трпески

Заменик координатори: Владимир Карчицки и Митко Карапанџов



.

 

 

 

 

 

 

::.дознај повеќе

Практични примери за искористување на сончева енергија во Р. Макеоднија

>>кликни тука

Неколку начини со чија примена може да се заштеди енергија

>>повеќе

МАЦЕФ - Мaкедонски центар за енергетска ефикасност

>>кликни за повеќе

 

 

 


::. Публикации на Проактива

- Чиста енергија сончева енергија;
- Иднината е oбновлива;
- Пакт за стабилност;
- Пакет документи поврзани за мониторинг на меѓународни финансиски институции;
 
 


 

 


 

::. Кампањи

Active Bankwatchers

Сите права се заштитени ©2002/2005 Webmaster