Интегрален пристап за решавање на сообраќајните проблеми од одржлив аспект  
 
главна страна
  кампања 1
 

кампања 2

  кампања 3
  анкета
  партнери
  совети
  предавање/
дискусија
  контакт
  english
   

 

   
 
 


Емисијата на штетните гасови и честички од сообраќајните возила претставува главна причина за загадување на воздухот во централните градски подрачја.
Издувните гасови од автомобилите можат да предизвикат заболување на дишните патишта, рак, астма и други болести. Тие исто така влијаат врз глобалното затоплување и климатските промени.

Зголемената употреба на индивидуалните возила допринесува за зголемување на сообраќајниот хаос, намалување на просечната брзина на возење и зголемување на времето потребно да се стигне до саканото место.

Првиот чекор кој треба да го превземеме е да ги информираме граѓаните за последиците кои ги предизвикуваме со зголеменото користење на автомобилите и кои се алтернативните видови за нивниот транспорт.

Таквите информации ќе ги охрабрат граѓаните при одлучувањето каков транспорт да користат, да се одлучат за оној кој помалку го загрозува нивниот стандард на живеење.

Преку имплементирње на принципите на одржлив развој да се влијае во надминувањето на проблемите предизвикани од зголемениот интензитет на сообраќај во Скопје и Белград.

Кампања 1: Подигање на јавната свест на граѓаните за последиците кои се предизвикани од издувните гасови на возилата и нивното влијание врз здравјето на лугјето, животната средина и економијата.


Кампања 2: Промоција на јавниот транспорт и алтернативните видови на транспорт, како поодржливи начини на транспорт.


Кампањa 3: Подигање на јавната свест за порационално користење на автомобилите

15 Август 2004 - 15 Август 2005

Скопје и Белград

 

   
 
проектот е поддржан од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа преку фонд обезбеден од Канцеларијата за Европска Помош за Соработка на Европската Комисија
 
© 2004 сите права се резервирани