Почетна
За нас 
Енергија 
МФИ 
Одржлив транспорт 
Членови 
Галерија 
Линкови 
English
 
Проактива е членка на:
Интернационални енергетски бригади
СЕЕЕНН
 
Проактива
П.Фах 695, Скопје
тел/факс: 02 2465 963
e-mail: info@proaktiva.org.mk
Локација на нашата канцеларија
кликенете >>овде

 


Соларен камп

Здружението на граѓани Проактива од Скопје продолжува со своите активности во областа на промоција на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.


Oд 9 до 14 ноември се одржа обука во рамките на која се изработи сончев систем и истиот беше поставен на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Домот во моментов згрижува повеќе од 100 деца и голем дел од средствата ги користи за добивање на топла вода за секојдневните потреби. Согледувајќи го ова членовите на Проактива заедно со триесетина активисти од десет земји од Југоисточна Европа успеаа да состават и монтираат сончев систем со колектор од 6 м 2 и 200 литарски бојлер.

Донацијата беше дел од проектот „Обука на енергетски кампањери од еколошките невладини организации“ кој е насочен кон младите активисти од Југоисточна Европа кои работат на полето на заштита на животната средина.

Оваа активност беше спроведена во соработка со Зелена акција од Хрватска и со помош од Норвешката Влада. Покрај практичната работа, активистите имаа можност и теоретски да се запознаат со поволностите што ни ги нуди сончевата енергија како во поглед на зачувување на животната средина бидејќи воопшто не загадува, исто така и од економски аспект затоа што нејзиното користење е бесплатно.

Секако Проактива и понатаму ќе се стреми да реализира вака успешни практични примери, а меѓу приоритетните активности ќе биде доградбата на овој систем за да може да ги задоволува целосните потреби на домот за топла вода.


 

 

 

 

Сите права се заштитени ©2002/2005 Webmaster
::. Новости

Практични примери за искористување на сончева енергија во Р. Макеоднија

>>кликни тука

Неколку начини со чија примена може да се заштеди енергија

>>повеќе



::. Публикации на Проактива

- Чиста енергија сончева енергија;
>>повеќе
- Иднината е oбновлива;
>>повеќе
- Пакт за стабилност;
>>повеќе
- Пакет документи поврзани за мониторинг на меѓународни финансиски институции; >>повеќе
- Public participation in the Country Assistance Strategy process in Macedonia in 2003 >>повеќе
 


 

::. Кампањи

Active Bankwatchers