По
повод одбележување на денот на планетата земја, а во рамките на
проектот „Еко-Автобус“, Проактива на 19.04.2003 организираше јавна
промоција на два автобуси од ЈСП - Скопје кои работат на природен
гас. Промоцијата се одвиваше под мотото „Малку поинаку - многу
подобро“ при што на сите заинтересирани им се делеше печатен материјал
со податоци за загадувањето во Македонија, загадувњето од транспортниот
сектор и какви би биле придобивките за животната средина доколку
автобусите од јавниот сектор се пренаменат да користат природен
гас.
Загадувањето
од издувните гасови во транспортот е еден од главните загадувачи
во Македонија, а посебно во Скопје. Бидејќи јавниот превоз во
Скопје сочунива голем дел од сообраќајот, со пренамена на автобусите
да користат природен гас наместо нафта, издувните гасови би се
намалиле до 3 пати (според мерења извршени во Бугарија).
По
претпоставка дека еден автобус работи по 14 часа на ден и 250
дена во годината, тој во атмосферата ќе исфрли околу 15 575 килограми
загадувачки супстанци во атмосферата. Истиот таков автобус на
хибриден погон (60% природен гас и 40% дизел) емитира околу 5
300 килограми материи.
Со
пренамена на 280те автобуси на ЈСП, на хибриден погон, кои секојдневно
сообраќаат по улиците на Скопје, годишно издувните гасови и материи
би можеле да се намалат за 2500 тони.
Проектот
го реализираше работен тим од челнови на Проактива во соработка
со ЈСП - Скопје, детската градинка „Кочо Рацин“ и радио „Фортуна“.
Проектот
финансиски е подржан од Milieukontakt Oost Europa.