Во периодот 23.12.2016 – 23.06.2017, Проактива го спроведува проектот „Одржлива енергија – Одржлив развој“ чии цели се:
- Зајакнати капацитети на граѓанските организации (ГО) за eвропските и националните политики за клима и енергија и можностите за вклучување на јавноста во процесите на планирање; одлучување и имплементација на локалните документи и политики.
- Извршена анализа на локалните политики за клима и енергија и процесот на планирање и имплементација водени од страна на единиците на локална самоуправа (ЕЛС).
Помеѓу очекуваните резултати од проектот се и:
- Извршена анализа на моменталната состојба на стратегиите и политиките за клима и енергија
- Запознавање на претставници од ЕЛС со најдобрите практики за подготовка и спроведување на локални документи и политики.
- Подготовка на позиција на Проактива во однос на националните и локалните (општинските) политики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Проактива како субгрантист го спроведува „Одржлива енергија – Одржлив развој“, кој е дел од проектот „Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 и Институтот за обука КОЦКА.
__________________________________________________________________________________________________
КОНКУРС Превземи >>
__________________________________________________________________________________________________
Во рамките на проектот беше извршена анализа на моменталната состојба на стратегиите и политиките за клима и енергија и беше промовирана Позицијата на Проактива во однос на националните и локалните (општинските) политики за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
__________________________________________________________________________________________________
По истражувањето на веб страниците на ЕЛС (општините) во Скопје и Градот Скопје може да се истакнат следните заклучоци:
- Веб страниците содржат:
- Линкови за енергетска ефикасност имаат: Градот Скопје, Општина Карпош, Општина Аеродром
- Документи (локални политики, програми, планови, стратегии и сл.) поврзани со темите енергија и клима на своите веб страници имаат: Градот Скопје, Општина Карпош, Општина Гази Баба, Општина Центар
- Информации за учество на јавноста имаат: Градот Скопје, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Центар, Општина Шуто Оризари
- Делумни информации за енергија и клима имаат: Општина Бутел, Општина Ѓорче Петров
- На барањето за податоци поврзани со енергија и клима следните ЕЛС доставија информации:
- Градот Скопје, Општина Кисела Вода, Општина Гази Баба, Општина Центар, Општина Шуто Оризари, Општина Бутел
За повеќе информации слободно пишете ни на info@proaktiva.org.mk