
Здружението на граѓани Проактива во соработка со здруженијата Еко-Мисија, Еко свест, Здружение на инженери за животна средина, ЕРИНА, Македоника, Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина и Младински Отворен Форум од Скопје, Флора од Крива Паланка, Младинска Алијанса и Натура од Тетово, Изгрев од Свети Николе, Ела од Кратово, ИПО Крсте Јон од Струга, Молика и Биосфера од Битола, Брица од Берово, Младински Совет - Охрид, Кладенец од Пехчево, Планетум од Струмица, Злетовица од Пробиштип, ЕкоМент од Прилеп и Виножито од Штип на 25-26 февруари 2005 спроведоа активност под мотото Тротоарите се за пешаците .
Идејата за спроведување на оваа активност ги поттикнаа проблемите кои ги предизвикува сообраќајниот хаос во урбаните средини. Значаен проблем е и културата на однесување на возачите на автомобили. Постојано и насекаде се случува тротоарите и велосипедските патеки да бидат блокирани, при што пешаците и велосипедистите се принудени да се движат по сообраќајниците, изложувајќи се на опасност. Под вакви околности, особено тешко се движат луѓето во инвалидски колички. Со неконтролираното паркирање не само што граѓаните се доведуваат во опасност, туку се спречуваат и напорите за помасовна употреба на алтернативните начини на транспорт - велосипедизмот и пешачењето. Ова е проблемот на кој сакаме да го свртиме вниманието, не само на јавноста туку и на одговорните институции.
Кампањата „Троатоарите се за пешаците“се одвиваше координирано. Притоа сите партнери на кампањата, низ градовите во Македонија залепиа налепници со под мотото Тротоарите се за пешаците на оние возила кои се неправилно паркирани и ги узурпираат тротоарите и велосипедските патеки. Изработени беа и критериуми за да не дојде до злоупотреба на налепниците. Налепниците се лесно отстранливи и не ги оштетуваат автомобилите.