Select Page

ОБУКА НА НАСТАВНИЦИТЕ НА ТЕМА „Енергетска ефикасна Општина“

Денеска во просториите на централното училиште спoред склучениот договор меѓу општина Дебарца и Здружение на граѓани Проактива во проектот,,Енергетска-ефикасна општина,, беше реализирана едукативна обука за вработените во ОУ„Дебрца“. Обуката имаше за цел да ги запознае вработените со работата за енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија во рамки на СПАРЕ програмата за наставници. Генерална цел на ова обука беше преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови. Презентирана беше соработката со нашата Општина со чија помош ПУ. Требеништа доби енергетски ефикасни прозорци, врати, ламинантни подови и обновена е фасадата на училишната зграда.

(ОУ Дебрца, 17.12.2014)


ДЕБРЦА, ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА

Спoред договорот склучен меѓу општина Дебарца и Здружение на граѓани Проактива во проектот„Енергетска-ефикасна општина“ беа планирани повеќе активности кои успешно се реализираа во предвидениот рок.
Поставени се енергетски-ефиксани прозорци и врати, ламинантни подови и обновена е фасадата на училишната зграда. Оваа инвестиција е со цел учениците да добијат современи услови во образовниот процес. Финансирањето е со 50% од буџетот на општина Дебарца.

(ТВМ, 24.09.2014)


Ќе се реконструира основното училиште во Требеништа со поддршка од глобалниот еколошки фонд

Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје во соработка со општина Дебарца, во изминатиот месец започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“.
Примарната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се: „Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во општината Дебарца“,  „Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во општината Дебарца“ и „Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“.
Периодот на реализација е 15 месеци, додека вкупниот буџет изнесува 54.459 американски долари, од кои 24.574 се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се учество на општина Дебарца и ЗГ „Проактива“.
Со проектот, се очекува заштеда од околу 17 тони СО2 на годишно ниво и соодветна заштеда од 120.000 денари годишно, кои ќе бидат инвестирани во следни локални еколошки проекти.
„Предвидените енергетско-ефикасни мерки ќе опфатат промена на прозорците и вратите, како и замена на постојното осветлување со енергетско-ефикасно осветлување во објектот на ПОУ Дебарца – с. Требеништа и општинската зграда во с. Белчишта. Покрај тоа, во општина Дебарца ќе се одржат и теоретски и практични работилници и ќе се диструбуираат едукативни материјали.“  – информираат од општина Дебрца.
Инаку, ЗГ „Проактива“ започна со реализација на програмата „Енергетски ефикасна општина“ во 2006 година, а досега успешно беа спроведени проекти во општините Јегуновце, Шуто Оризари и Центар.

(Охрид њуз, 03.02.2014)