Select Page

За 10 денари на велосипед низ Скопје

Проектот „Остави го автомобилот, вози велосипед“, обезбеди 70 велосипеди, кои ќе можат да се изнајмуваат на три локации во Скопје, а граѓаните ќе можат да се превезуваат со нив.
Велосипедите се изнајмуваат  на градските паркинзи кај „Треска“, на плоштадот „Македонија“ и кај Т.Ц. Бисер.
Со проектот се планира бројот на постојки за изнајмување велосипеди да се зголеми, во зависност од заинтересираноста на граѓаните.
Велосипедите изнајмени на една постојка, ќе може да се вратат на друга.
„Скопје е град кој има одлични предуслови за користење велосипед и се надеваме дека велосипедот како превозно средство ќе може да го замени автомобилот или преостанатите превозни средства и тоа ќе придонесе да се намали количеството на јаглерод диоксид во воздухот“, рече градоначалникот на СКопје, Коце Трајановски, денеска, при путањето во употреба на велосипедите за изнајмување.
Претпријатието, „градски паркинг“, ја доби задачата да го имплементира проектот, затоа што располага со човечки ресурси и пунктови, каде велосипедите може да се изнајмат.
„Овој тест период ќе ни покаѓе се, за да можеме во текот на следната сезона подобро да се екипираме и да се опремиме со други велосипеди и отворање други пунктови“, рече директорот на Градски паркинг“, Борче Јакимовски.
Проектот е овозможен од Град Скопје, „Градски паркинг“, НВО „Еко свест“, „Проактива“ и Глобалниот еколошки фонд – програма за мали грантови и Британска амбасада.

(Журнал, 28.07.2010)


На Аеродром учат како се подготвуваат проекти за штедење енергија

Во седумте основни училишта во Општина Аеродром почна проект за обука на наставните кадри од природните науки и на учениците на тема енергија, клима и животна средина, кој ќе трае девет месеци.
Во рамки на проектот наставниците ќе добијат на располагање апликативни алатки за подобрување на квалитетот на наставата по природните науки, додека учениците ќе имаат дополнителни часови, преку кои треба да им се подигне нивото на свеста за проблемите од областа на животната средина.
Целта на проектот „Градење на капацитетите на учениците и наставниците по природни науки од основните училишта во Општина Аеродром“ е училиштата да се подготват за вклучување во меѓународниот конкурс за ученички проекти од областа за заштеда на енергија во рамки на училишниот проект за употреба на енергија и ресурси (СПАРЕ).
Преку овој проект училиштата од Аеродром, исто така, ќе добијат можност да се вклучат во меѓународната СПАРЕ мрежа на училишта, да добијат пристап до најдобрите практики при спроведувањето на наставните содржини од област на животната средина и да ги трансформираат глобалните прашања во практични активности на учениците и граѓаните.
Инаку, проектот се реализира преку здружението на граѓани „Проактива“, со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно панирање.

(Порта 3, 05.07.2010)


УЧЕНИЦИ ЌЕ ШТЕДАТ ЕНЕРГИЈА

„Енергија, клима и животна средина“ е насловот на проектот што ќе се реализира во седум основни училишта во Општина Аеродром. Девет месеци учениците со наставници што предаваат природни науки ќе се обучуваат како да подготвуваат проекти за штедење енергија.
Наставниците ќе имаат на располагање апликативни алатки за подобрување на квалитетот на наставата по природните науки, додека учениците ќе одат на дополнителни часови на кои ќе научат многу повеќе за проблемите од областа на животната средина.
Преку овој проект училиштата ќе се подготват за вклучување во меѓународниот конкурс за ученички проекти од областа за заштеда на енергија, во рамките на училишниот проект за употреба на енергија и ресурси (СПАРЕ).
Со тоа и ќе се вклучат во меѓународната СПАРЕ-мрежа на училишта и ќе добијат пристап до најдобрите практики при спроведувањето на наставните содржини од областа на животната средина. На тој начин глобалните прашања ќе се трансформираат во практични активности на учениците и на граѓаните.

(Утрински весник, 02.07.2010)